Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / Дакар 2019: Трета по ред победа за Николаев и Камаз на Дакар

Дакар 2019: Трета по ред победа за Николаев и Камаз на Дакар

Возачот на Камаз Едуард Николаев ја освои третата по ред победа во категоријата Камиони на најтешкото рели на планетава, Дакар Рели

Едуард Николаев и Дмитри Сотников го завршија годинешново издание на Дакар на првата и втората позиција со тоа што ова воедно е 16та Дакар титула за Камаз и петта за Николаев, четири како возач и една како механичар на седум кратниот победник на Дакар, Владимир Чагин.

Жерар Де Рој заврши на последната позиција на подиумот, кој минатата година не зема учество бидејќи се натпреваруваше на Africa Eco Race каде победи. Де Рој не успеа ниту оваа година да му пркоси на Рускиот тим, па затоа мораше да се задоволи со третата позиција.

Проблемите за него и неговиот тим започнаа уште во првиот дел од маратонот кога нему му се скрши воланот на третата етапа, Федерико Вилагра се соочи со откажување на издувниот систем, а Тон ван Генугтен патеше од неколку механички проблеми.

Ова им овозможи на Камаз да формираат 1-2-3 доминација во првиот дел, додека четвртиот Камаз на Ајрат Мардеев имаше проблеми пред да застане откако беа најдени пукнатини во блокот на неговиот 13 литарски агрегат од најновата генерација.

Подоцна тимот на Камаз се соочи со уште еден проблем, дисквалификација на Андреј Каргинов кој се судри со публика. Тој воопшто не виде дека имал мал контакт со еден од гледачите кои стоеја на недозволена позиција, а беше казнет поради етички причини, бидејќи не застанал да види дали е се во ред.

Потоа Сотников продолжи со улогата како поддршка на Николаев, но наиде на проблеми со серво управувачот на седмата етапа, при што загуби драгоцено време што значеше дека ќе стартува одвоено од Николаев.

Николаев заглави во дините губејќи речиси еден час, а Сотников не успеа да му асистира поради подоцниот старт. Но сепак на претпоследната етапа Николаев имаше доста добро време кое му овозможи поголема предност во генерален пласман во очи на последниот ден, завршувајќи со 25 минути предност пред Сотников и час и половина пред Де Рој.

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *