Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2019: Ѕвезда до ѕвезда во тимот на X-Raid Mini за 2019-то издание на Дакар Рели

Дакар 2019: Ѕвезда до ѕвезда во тимот на X-Raid Mini за 2019-то издание на Дакар Рели

Тимот на X-raid Mini го најави бившото Peugeot трио Стефан Петерхансел, Карлос Саинц и Сирил Деспре за нивната Дакар Рели програма во следното издание во 2019 година.

Ова трио, заедно со деветкратниот WRC шампион Себастиен Леб беа дел од тимот на Peugeot во изминатото издание оваа година, пред Францускиот тим да се повлече од оваа дисциплина.

Тимот на X-raid победи четири по ред Дакар натпревари и тоа од 2012 до 2015, две од нив со Стефан Петерхансел, пред Peugeot да започне да доминира.

Тимот на Свен Квант доста се потруди околу развојот на на Buggy верзијата на Mini во подготовки за Дакар 2019, а модифицираниот автомобил ќе го направи своето деби на Рели Мароко со Саинц и Деспре оваа недела.

Кралот на Дакар, Стефан Петерхансел кој има најмногу (13) победи досега на Дакар Релито во категориите моторцикли и автомобили, Mini-то го карактеризираше како супер забава и доста лесно возило за управување.

Тој верува дека веќе е направен голем чекор напред во програмата на неговиот развој оваа година, особено во намалувањето на тежината на возилото.

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *