Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2020: Катастрофално превртување на Алонзо на 10-тата етапа

Дакар 2020: Катастрофално превртување на Алонзо на 10-тата етапа

На Дакар и на најдобрите им се случува…

Популарниот Ф1 возач Фернандо Алонзо оваа година покажа екстремно добри резултати на Дакар Рели, при што беше пофален од доста искусни возачи за неговите способности заедно со неговиот високо искусен совозач Марк Кома.

Тој во еден момент се наоѓаше на петтата позиција во генерален пласман, а излегоа и видео пофалби за неговото справување со песочните дини каде јасно можеше да се види дека тој знае што прави.

Но денес на 10-тата етапа, после само два извозени километри од планираните 534, тој и неговиот совозач доживеаа двојно превртување во нивниот автомобил Toyota Hilux.

Автомобилот повторно застана на тркала после две превртувања, со страв дека автомобилот ќе биде доволно оштетен за да не можат да продолжат понатаму без надворешна помош.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *