Thursday , May 28 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2020: Најтешкото рели на планетава ја однесе првата жртва

Дакар 2020: Најтешкото рели на планетава ја однесе првата жртва

Португалскиот возач Пауло Гонсалвес со моторцикл број 8 им подлегна на повредите со кои се здоби од падот кој го имаше денес на 276-от километар од седмата етапа.

Организаторите добија аларм во 10:08 часот, а медицинскиот хеликоптер пристигна на местото во 10:16 наоѓајќи го во безсознание откако добил срцев напад. После напорите за враќање во живот на местото, тој бил пренесен во болница каде за жал бил прогласен за мртов.

За 40-годишниот Пауло Гонсалвес ова беше 13ти Дакар. Тој дебитираше во 2006, а четири пати завршуваше во топ 10, како и импресивниот финиш на втората позиција во 2015 кога победи Марк Кома. Тој се наоѓаше на 46-тата позиција во генерален пласман после шестата етапа.

Почивај во мир Пауло Гонсалвес…

Check Also

Cupra го потврди учеството на новиот Leon Competicion TCR на WTCR гридот

Новиот модел Cupra Leon Competicion ќе биде вистинско освежување на WTCR гридот оваа сезона Директорот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *