Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2020: После денешната 6-та етапа, хероите на Дакар одат на заслужен слободен ден

Дакар 2020: После денешната 6-та етапа, хероите на Дакар одат на заслужен слободен ден

Денес се одржа шестата етапа од овогодинешното издание на Дакар рели, кое се возеше од Хаил до Ријад во должина од 477 километри

Кај моторциклите возачот на Honda Рики Брабек ја комплетираше првата половина на Дакар 2020 со втора етапна победа и повеќе од 20 минути предност во генерелен пласман откако Тоби Прајс налета на проблеми. Honda денес беше најкомпетитивен моторцикл завршувајќи најбрзо на секоја контролна точка. Бареда Борт заврши на втората позиција со заостанување од 1м34с, додека трет беше Вокнер кој доцнеше 2м45с позади Брабек. Во генерален пласман Брабек води со 20м56с пред Куинтанила и 25м39с пред Прајс.

Иако Стефан Петерхансел извојува четврта победа по ред во класата автомобили, сепак Сајнц го дочекува слободниот ден како лидер во генерален пласман. Петерхансел успеа да пристигне на целта пред Сајнц со предност од 1м21с, но сепак се наоѓа на третата позиција во генерален пласман. Насер Ал-Атија денес заврши на третата позиција, а севкупно се наоѓа на второто место во очи на денот за одмор.

Кај камионите, водачот во генерален пласман Андреј Каргинов (Kamaz) исто така оди опуштен во денот за одмор. Тој денес освои втора етапна победа на овогодинешното издание на Дакар Рели, овој пат со предност од 4м21с пред неговиот тимски колега Антон Шибалов, додека Сергеј Виазович во Maz пристигна трет со заостанување од 12м32с. Визаович дефинитвно губи чекор со Каргинов, иако од стартот на релито покажа сериозна брзина и голема надеж за победа оваа година. Во генерален пласман Каргинов води пред Шибалов со предност од 19ч14с, а 36м30с пред Виазович.

Во класата Квадови Игнасио Касале има прилично голема предност од 38м14с пред Симон Витсе и 1ч14м19с пред Рафал Соник. Чилеанецот Франциско Лопез Контардо води во класата SSV пред Кејси Кари со предност од 9м48с, додека Сергеи Кариакин за наоѓа на 30м24с поназад од водечкиот Контардо.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *