Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува…

Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар Рели, при што го доби прекарот Крал на Дакар. Тој на свои 54 години има 13 победи зад себе од кои шест со моторцикл и седум со автомобил.

Имал секакви проблеми во текот на неговата кариера, но не многу како денешниот проблем. Петерхансел и Насер Ал-Атија се во доста блиска борба за победа со Карлос Сајнц на 2020 издание на Дакар Рели, но на денешната 10-та етапа двојката се загуби низ песочните дини во Саудиска Арабија, што и не е баш својствено за нив двајца.

Тој ја заврши денешната етапа со заостанување од 11м позади Сајнц откако призна дека и тоа може да му се случи:

„И тоа се случува. Етапата беше доста опасна со многу проблематични дини. Неколку километри пред неутрализираната зона, тотално се загубивме со Насер Ал-Атија и неколку други возачи. Некои возачи пристигнаа во вистинско време, додека ние потоа го најдовме вистинскиот пат и добивме доста време. Не загубивме многу, но доволно за мојот тимски колега Карлос да направи повторна предност пред Ал-Атија. Како и да е, ова беше интересна етапа, а воедно се приближивме до Насер Ал-Атија на третата позиција при што доцниме само 16 секунди.“ – изјави Петерхансел.

Check Also

Дакар 2020, 10 Етапа: Сајнц го врати водството; повторна 1-2-3 победа за тотална доминација на Kamaz

Денешната 10-та етапа беше скратена поради невреме во југоисточниот дел на Саудиска Арабија… Кај моторциклите, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *