Sunday , May 31 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2020, 10 Етапа: Сајнц го врати водството; повторна 1-2-3 победа за тотална доминација на Kamaz

Дакар 2020, 10 Етапа: Сајнц го врати водството; повторна 1-2-3 победа за тотална доминација на Kamaz

Денешната 10-та етапа беше скратена поради невреме во југоисточниот дел на Саудиска Арабија…

Кај моторциклите, скратувањето се случи на 345-от километар од закажаните 534. Ова скратување му донесе победа на Бареда, кој го предводеше водачот во генерален пласман Рики Брабек. И покрај скратувањето, Бареда беше најбрз на сите контролни точки до прекинот. Брабек и понатаму останува во водство во генерален пласман, со 25м44с пред Куинтанила, 27м09с пред Бареда и 28м33с пред Прајс.

Кај автомобилите Сајнц имаше доста добра кондиција пред неговите ривали во генерален пласман Ал-Атија и Петерхансел. Тој дојде до победа на скратената 10-та етапа со тоа што за разлика од категоријата моторцикли, кај автомобилите етапата беше скратена на 223-от километар. Овие 223км Сајнц ги пројде за 2ч03м43с додека на втората позиција пристигна Јакуб Пржигонски со заостанување од 3м05с. Жиниел Де Вилие пристигна трет за 4м26с поназад, додека главните ривали на Сајнц, Петерхансел и Ал-Атија доцнеа за 11м48с и 17м46с кои малку се загубија, губејќи драгоцено време. Ова му одговараше на Сајнц со што ја врати предноста која сега изнесува дури 18м10с пред Ал-Атија и 18м26с пред Петерхансел.

Кај камионите, Kamaz претставија уште една доминација со 1-2-3 победа за Шибалов, Сотников и Николаев, додека Каргинов за неполна минута не успеа да формира 1-2-3-4 победа за Kamaz. Поради скратувањето на 10-тата етапа не беше направена некоја голема предност, па затоа Каргинов останува во водство губејќи само неполни три минути од неговиот тимски колега Шибалов од предноста која сега изнесува 36м08с, додека Белорусинот Сергеј Виазович дефинитивно губи приклучок со најбрзите и доцни веќе 1ч40м позади Каргинов и Шибалов на третата позиција.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *