Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2020 – 11 Етапа: Намалена предноста кај моторциклите и автомобилите, финалето ќе биде интересно!

Дакар 2020 – 11 Етапа: Намалена предноста кај моторциклите и автомобилите, финалето ќе биде интересно!

Претпоследната 11 етапа која се одржа денес од Шабајта до Харад со 379 натпреварувачки километри донесе големи изненадувања во очи на финалната 12 етапа после која ќе се одлучат победниците во петте класи.

Кај моторциклите, возачот на Husqvarna Пабло Куинтанила со денешната победа ја преполови предноста во генерален пласман кај моторциклите во споредба со лидерот Рики Брабек. Куинтанила направи предност од една минута на почетокот од 379 километарската етапа Шабајта-Харад, но расположениот возач на КТМ Матиас Вокнер му се приближи на една секунда на контролната точка на 324 километар. Но Чилеанецот успеа да возврати и на целната линија и да пројде со предност од само 9 секунди пред Вокнер. Рики Брабек во очи на финалето влегува со предност од 13м56с пред Пабло Куинтанила.

Кај автомобилите Стефан Петерхансел беше возачот на денот. Французинот успеа да пристигне на целта на 11-тата етапа за 10с пред Насер Ал-Атија, додека заостанувањето на Сајнц од 8м03с му овозможи на Петерхансел да го намали водството во генерален пласман. На утрешното финале, Сајнц влегува со предност од 10м17с пред Катарскиот возач Насер Ал-Атија и 10м23с пред Французинот Стефан Петерхансел.

На претпоследната 11 етапа Каргинов, Сотников, Шибалов и Николаев му донесоа 1-2-3-4 победа на тимот на Kamaz, при што сите пристигнаа во 4м18с. Каргинов дојде до уште една победа за 1м27с пред Сотников 3м25с пред Шибалов и 4м18с пред Николаев. Андреј Каргинов во последниот ден влегува со предност од 39м33с пред Шибалов и дури 1ч52м14с пред Виазович.

Утрешната 12 и последна етапа ќе се вози од Харад до Квидија во должина од 374 натпреварувачки километри, каде на последните 100км организаторите најавија дека на навигаторите ќе им зададат главоболка како и изминатата недела. Исто така има и мало изненадување за сите возачи, поточно ќе се возат 20 километри специјален брзински испит кој нема да се брои во генералниот пласман, а така ќе се одлучи победникот на таканаречениот „Куидија Трофеј“ точно пред искачувањето на главниот подиум.

Check Also

Дакар 2020, 10 Етапа: Сајнц го врати водството; повторна 1-2-3 победа за тотална доминација на Kamaz

Денешната 10-та етапа беше скратена поради невреме во југоисточниот дел на Саудиска Арабија… Кај моторциклите, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *