Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2020: 5 Етапа – Сандерленд надвор од релито, Сајнц со зголемено водство, Камаз повторно 1-2-3 (Резултати)

Дакар 2020: 5 Етапа – Сандерленд надвор од релито, Сајнц со зголемено водство, Камаз повторно 1-2-3 (Резултати)

На денешната 5-та етапа се променија доста работи… Сандерленд е надвор од игра, Сајнц ја зголемува предноста, додека Виазович не може да се држи со Камазите…

Тоби Прајс стана првиот возач кој победил на две етапи во ова издание во класата моторцикли, додека неговиот тимски колега и еден од борците за победа Сем Сандерленд е надвор од релито поради пад во кој се здоби со повреда на грбот и левото рамо. Прајс го превзема водството на почетокот од 564км етапа и беше најбрз и во останатите четири контролни точки. После петтата етапа во генерален пласман води Рики Брабек пред Тоби Прајс со предност од 9м06с и Кевин Бенавидес кој се наоѓа за 11м32с поназад.

Кај автомобилите Карлос Сајнц исто така дојде до повторна етапна победа, победувајќи го Насер Ал-Атија за да го зголеми водството во генерален пласман на речиси шест минути. Сајнц се најде на стартот од петтата етапа со предност од 3м03с пред Ал-Атија, но подоцна загуби речиси три минути поради гума дефект. Но во останатите 250км тој се поправи и направи предност од 2м56с во однос на неговиот ривал Ал-Атија. Поредокот во генерален пласман останува ист, Сајнц, Ал-Атија, Петерхансел со тоа што Катарецот доцни 5м59с додека Французинот е поназад за 17м53с.

Во класата камиони на денешната етапа повторно имавме прилика да видиме 1-2-3 победа за Камаз. Поредокот беше Сотников, Шибалов, Каргинов, додека трикратниот победник Едуард Николаев се отпушти од борбата. Ова е доста проблематично рели за него откако и денес заглави поради механички проблем кој го чинеше околу 3 часа. Шибалов задоцни зад Сотников за 3м06с, додека Каргинов пристигна за само 9с позади Шибалов, при што може да се види дека формацијата на Камаз оди доста сигурно низ Саудиска Арабија. Иако на почетокот Виазович покажа заби за борба за победа, тој денес доцнеше 16м30с позади победникот Сотников. Во генерален пласман води Каргинов, додека позади него е Шибалов со заостанување од 14м53с, додека второпласираниот од минатата година Виазович се наоѓа на третата позиција со заостанување од 23м58с.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *