Sunday , May 31 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2020: 7 Етапа – Бенавидес награден со победа, Сајнц со непобедливо темпо, Каргинов се оддалечува од противниците

Дакар 2020: 7 Етапа – Бенавидес награден со победа, Сајнц со непобедливо темпо, Каргинов се оддалечува од противниците

Денешната седма и најдолга етапа општо на Дакар Рели во должина од 546 километри ќе биде запаметена по тргагедијата која се случи при половината од етапата…

Денешната седма етапа ја однесе првата жртва на ова рели, а се надеваме дека и последна. Познато е колку е опасно ова рели, толку опасно што во дел од секундата може да се случи трагедија. Огромни брзини, тежок терен… Жртвата беше Португалскиот возач 40-годишниот Пауло Гонсалвес кој во страотен пад се здоби со повреди губејќи го животот и покрај брзата интервенција на медицинската служба.

Кај моторциклите најбрз беше Жоан Бареда, но победата му беше предадена на Кевин Бенавидес кој загуби време застанувајќи да му помогне на Гонсалвес. Бенавидес ја заврши седмата етапа со време од 4ч36м22с, додека Бареда заостана за 1м23с. Трет на целта пристигна Матиас Вокнер со заостанување од 4м17с. Во генерален пласман води Рики Брабек со предност од 24м48с пред Куинтанила и 27м01с пред Флоримо. Прајс и Бареда се наоѓаат за 28м44с и 29м29с поназад на четвртата и петтата позиција.

Кај автомобилите возачот на X-raid Mini Карлос Сајнц дојде до трета победа оваа година и тоа на најдолгата етапа на Дакар при што само ја зголеми предноста во генерален пласман. Втор со заостанување од 2м12с пристигна Ал-Атија, додека Стефан Петерхансел целта на седмата етапа ја помина како трет со заостанување од 2м53с позади Сајнц. Во генерален пласман Сајнц ја зголеми предноста пред Ал-Атија која сега изнесува 10м, додека Петерхансел заостанува за 19м13с на третата позиција.

Во класата Камиони, Рускиот возач на Kamaz Андреј Каргинов продолжува со победи и зголемување на водството во генерален пласман. Тој денес извојува победа пред неговиот тимски колега Дмитриј Сотников кој заостана за само 3 секунди, додека 1-2-3 победата за Kamaz ја комплетираше Антон Шибалов кој пристигна за 2м05с позади Каргинов. Лопрес и Виазович доцнеа со 6м17с и 9м36с, при што изгледа дека Виазович полека може да се збогува со победата оваа година. Белорусинот моментално се наоѓа на третата позиција позади Каргинов и Шибалов во генерален пласман, со заостанување од 46м39с од Каргинов, додека Шибалов заостанува за 21м12с позади неговиот тимски колега и лидер во генерален пласман Андреј Каргинов.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *