Sunday , May 31 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2020: 8 Етапа откажана за моторцикли и квадови, автомобилите и камионите продолжија

Дакар 2020: 8 Етапа откажана за моторцикли и квадови, автомобилите и камионите продолжија

Одлуката на организаторите беше потполно правилна. Осмата етапа за моторциклите и квадовите беше откажана после трагедијата која се случи во неделата, додека тимот на Гонсалвес го напушти релито…

После состанокот на натпреварувачите на две тркала, организаторите ја дадоа следната изјава:

„Смртта на Пауло Гонсалвес во текот на седмата етапа помеѓу Ријад и Вади Ал-Давашир ги остави сите од Дакар, посебно моторциклистите во шок. Поради тоа ја откажуваме осмата етапа за моторцикли и квадови.“

Во класата автомобили Матеу Серадори успеа да го победи Фернандо Алонзо во блиска борба, после слабото темпо на водечките возачи. Серадори освои прва етапна победа за него и за неговиот тим, додека Алонзо заврши за 4м04с позади. Орландо Теранова заврши трет, додека Де Вилие и Ал Рајхи пристигнаа четврти и петти. Во генерален пласман води Сајнц со предност од 6м40с пред Ал-Атија и 13м09с пред Петерхансел.

Кај камионите Андреј Каргинов позади волан на Kamaz држи непобедливо темпо, кој го покажа и денес завршувајќи на првата позиција со предност од 5м54с пред неговиот тимски колега Антон Шибалов, додека трет изненади Алеш Лопрес кој заостана за 9м06с позади Каргинов. Предноста во генерален пласман на КАргинов се зголеми на 27м06с во однос на Шибалов и 1ч05м17с од Виазович.

Утрешните 410 километри закажани за 9-тата етапа ќе се возат претежно низ тврд терен каде се очекуваат неколку тешки места кои бараат огромна претпазливост. Со пристигнувањето во Харад, возачите ќе влезат во нова фаза на релито.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *