Sunday , May 31 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2020 9 Етапа: Брабек одржува предност, Сајнц ја губи, Каргинов непобедлив

Дакар 2020 9 Етапа: Брабек одржува предност, Сајнц ја губи, Каргинов непобедлив

Денешната 9-та етапа од Вади Ад-Давашир до Харад беше во должина од 476км од кои 410км беа брзински испит донесе нови возбудувања.

Во најтешката категорија – моторцикли до прва победа дојде Пабло Куинтанила на Husqvarna, додека Рики Брабек мораше да се откаже од неколку минути предност. Куинтанила беше побрз од второпласираниот Прајс за 1м54с, додека трет со заостанување од 2м42с на целта во Харад пристигна Бареда. Лидерот во генерален пласман Рики Брабек заврши четврти со заостанување од 3м55с, а предноста севкупно му изнесува 20м53с пред Куинтанила, додека Тоби Прај се наоѓа на 6м од Куинтанила.

Кај автомобилите станува доста интересно. Победник на денешната етапа, трета по ред, е оној кој највеќе фалеше, Стефан Петерхансел, додека Насер Ал-Атија ја стопи предноста која ја имаше Карлос Сајнц. Ал-Атија задоцни само 15с позади Петерхансел, додека трет беше Јасир Сеаидан пред Јакуб Пржигонски и Карлос Сајнц кој заврши на петтата позиција со дефицит од 6м31с во однос на Петерхансел поради гума-дефект. Ова го чинеше Сајнц речиси цела предност во генерален пласман, при што моментално се наоѓа на првата позиција, но со 24с пред Ал-Атија. Петерхансел е трет со заостанување од 6м38с, додека Ал-Рајхи и Теранова заостануваат за 34м16с и 49м41с.

До нова победа кај камионите дојде незапирливиот Андреј Каргинов кој победува четврти пат по ред од вкупно пет етапни победи од девет извозени. Каргинов започна со проблеми и со големи нервози, што се виде во интервју на почетокот од релито, но полека но сигурно влезе во чекор. Виазович се врати во игра со втора позиција и заостанување од 3м19с, како и Едуард Николаев кој доцнеше 9м24с позади неговиот тимски колега од Kamaz. Николаев нема шанси за генерален пласман поради огромните проблеми со неговиот камион, единствено што може да направи е да им помага на неговите тимски колеги Каргинов, Шибалов и Сотников до крајот на релито. Во генерален пласман Каргинов сега води со 38м35с пред неговиот тимски колега Антон Шибалов, додека Виазович се наоѓа за 1ч08м36с, а Лопрес и Сотников доцнат преку два часа…

Кај квадовите генералниот пласман е непроменет, со Игнасио Касале на првата позиција со предност од 44м57с од Витсе и 1ч32м33с од Соник. Во категоријата SSV Кари е сеуште во водство и тоа со предност од 23м37с пред Контардои 41м26с пред Кариакин.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *