Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Дакар однесе жртва и оваа година…

Дакар 2021: Дакар однесе жртва и оваа година…

Додека помисливме дека оваа година најтешкото рели на планетава нема да однесе нечиј живот, тоа се случи денес.

После неколку дена борба со повредите здобиени на етапа 7, животот го загуби 52 годишниот французин Пјер Черпин кој со својот моторцикл во 178 километар од седмата етапа доживеа катастрофален пад.

Откако беше најден во безсознание, тој експресно беше пренесен во болница во Сакака со хеликоптер, каде беше опериран откако беше ставен во индуцирана кома.

Потоа беше пренесен во болница во Џеда пред да биде однесен во Франција, но на пат кон дома тој им подлегна на повредите…

Пјер Черпин беше претприемач и едречки ентузијаст, кој немал други амбиции на Дакар, освен да доживее авантура без грижи за освојување на подиум.

„Јас сум аматер, не сакам да победам туку сакам да доживеам и откријам пејсажи кои не би можел да ги видам на друг начин. Се е возбудливо, возење моторцикл, живеење на страста и запознавајќи се сам себе.“ – гласеше неговото интервју пред стартот на релито…

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *