Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Етапа 10 – Резултати

Дакар 2021: Етапа 10 – Резултати

Денес на програмата на Дакар 2021 беше 10-тата етапа од Неом до Алула во должина од 342 километри.

Кај моторциклите, Рики Брабек дојде до многу важна етапна победа која му овозможи втора позиција во генерален пласман позади Кевин Бенавидес за само 51 секунда. Бареда Борт беше веднаш позади на втората позиција со заостанување од 3м15с, додека трет заврши Кевин Бенавидес. Тимските колеги Бенавидес и Брабек ги држат првите две позиции, а изгледа дека токму помеѓу нив ќе се води жестока борба за титулата оваа година. Сем Сандерленд се наоѓа на третата позиција во генерален пласман, но со заостанување од 10м36с. Бареда Борт е на четвртата позиција (+15м40с), додека петти е Скајлер Хоус (29м38с).

Кај автомобилите етапна победа денес запиша Јазид Ал Рајхи, додека втор и трет пристигнаа Ал-Атија и Петерхансел со 2м04с и 2м53с заостанување позади Ал Рајхи. Саинц пристигна четврти пред Пржигонски, Де Вилие и Василјев. Во генерален пласман Петерхансел ја зголеми предноста пред неговиот главен ривал Насер Ал Атија, која сега изнесува 17м01с, додека Саинц на третата позиција заостанува за 1ч03м44с. На четвртата и петтата позиција се Пржигонски (+2ч18м43с) и Нани Рома (+2ч50м22с).

Кај камионите Мартин Мачик запиша етапна победа денес, победувајќи го Дмитри Сотников за 1м40с, додека Ајрат Мардеев успеа да ја заврши 10-тата етапа за 3м16с поназад. Четврти беше Вишнеуски пред Каргинов, Шибалов и Лопрес на седмата позиција. Во генерален пласман Дмитри Сотников (Kamaz) ужива комотна предност од 47м22с пред неговиот тимски колега Антон Шибалов, додека на третата позиција е Ајрат Мардеев (1ч14м41с) исто така од Kamaz. Четврти е Алеш Лопрес за 1ч35м35с поназад, додека петти е Мачик со заостанување од 1ч47м29с.

Утре на програмата е 11-тата и претпоследна етапа од Аиула до Јанбу во должина од 464 километри и 134 поврзувачки километри.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *