Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021 Етапа 11: Претпоследната етапа полека ги покажува победниците

Дакар 2021 Етапа 11: Претпоследната етапа полека ги покажува победниците

Денес се возеше 11-тата и претпоследна етапа од годинешното Дакар Рели, од Ал Ула до Јанбу во должина од 464 километри.

Кај моторциклите, херојот на денот беше Сем Сандерленд (КТМ). Британецот дојде до прва етапна победа оваа година, а предноста од 5м24с која ја имаше на денешната етапа му донесе многу важно намалување на предноста во генерален пласман. Во генерален пласман сеуште води Кевин Бенавидес, но предноста пред Сандерленд е стопена на само 4м12с, додека минатогодишниот победник Рики Брабек се наоѓа на третата позиција со заостанување од 7м13с.

Кај автомобилите, Насер Ал-Атија дојде до уште една етапна победа, но неговиот главен ривал за титула оваа година Стефан Петерхансел пристигна втор со само 1м56с заостанување зад него, додека Карлос Саинц заврши трет пред Ал Раџи и Депре. Најголемата борба се води помеѓу Петерхансел и Ал Атија, каде Катарецот се наоѓа за 15м05с позади Французинот во генерален пласман, додека Саинц е далеку надвор од борба за првата позиција со 1ч04м14с поназад на третата позиција.

Кај камионите, Антон Шибалов (Kamaz) пристигна како победник денес, додека неговиот тимски колега Ајрат Мардеев заврши на втората позиција за 4м13с поназад. Вишнеуски (MAZ) дојде до третата позиција денес, додека тимските колеги на Шибалов и Мардеев – Каргинов и Сотников ги комплетираа топ 5-те возачи на претпоследната етапа. Во генерален пласман води Сотников со комотна предност од 39м58с пред Шибалов, додека Мардеев е трет со 1ч11м30с позади лидерот Сотников.

Утре се вози последната етапа од годинешното Дакар Рели од Јанбу до Џеда во должина од 247 километри, етапа која ниту малку не изгледа како лесна…

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *