Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Етапа 5 – Видео Материјал

Дакар 2021: Етапа 5 – Видео Материјал

Во очи на шестата етапа, погледнете ги најинтересните моменти од петтата етапа…

Во денешниот ден кај моторциклите со лидерска позиција во генерален пласман влегува Кевин Бенавидес (Honda) со предност од 2м31с пред Хавиер Де Солтрат, додека трет е Хозе Игнасио Корнехо Флоримо за 3м42с позади Бенавидес.

Кај автомобилите, жестока борба се води помеѓу старите ривали Стефан Петерхансел и Насер Ал-Атија. Петерхансел се наоѓа на чело со предност од 6м11с пред Ал-Атија, додека Карлос Сајнц, иако стартуваше доста жестоко на годинешново издание, се наоѓа за 48м13с позади водечкиот Петерхансел.

Борбата кај камионите стивна откако Белорусинот Сиархеј Виазович (MAZ) се откажа од релито, а тоа го стаби Антон Шибалов (KAMAZ) на втората позиција во генерален пласман позади неговиот тимски колега и водач во генерален пласман, Дмитри Сотников. Шибалов се наоѓа за 33м53с позади Сотников, додека на третата позиција во генерален пласман се наоѓа Чешкиот возач Мартин Мачик (IVECO), кој се наоѓа за 51м11с поназад.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *