Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Етапа 6 со задоцнет старт и скратување од 100км

Дакар 2021: Етапа 6 со задоцнет старт и скратување од 100км

Организаторите на Дакар релито одлучија да ја скратат шестата етапа за 100км, но и да го презакажат стартот за 90 минути подоцна

Оваа одлука дојде од организаторот после петтата етапа вчера откако голем број на натпреварувачи наидоа на огромни потешкотии во текот на токму петтата етапа.

Исто така и Карлос Сајнц се изјасни дека крајно се измачувал на петтата етапа вчера и ја нарече гимкана наместо рели. Денешниот шести брзински испит после кој следи заслужен ден за одмор, ќе располага со 348 натпреварувачки километри наместо планираните 448.

Во денешниот ден и шестата етапа кај моторциклите со лидерска позиција во генерален пласман влегува Кевин Бенавидес (Honda) со предност од 2м31с пред Хавиер Де Солтрат, додека трет е Хозе Игнасио Корнехо Флоримо за 3м42с позади Бенавидес.

Кај автомобилите, жестока борба се води помеѓу старите ривали Стефан Петерхансел и Насер Ал-Атија. Петерхансел се наоѓа на чело со предност од 6м11с пред Ал-Атија, додека Карлос Сајнц, иако стартуваше доста жестоко на годинешново издание, се наоѓа за 48м13с позади водечкиот Петерхансел и изгледа дека е далеку од шансите за победа оваа година.

Борбата кај камионите стивна откако Белорусинот Сиархеј Виазович (MAZ) се откажа од релито, а тоа го стави Антон Шибалов (KAMAZ) на втората позиција во генерален пласман позади неговиот тимски колега и водач во генерален пласман, Дмитри Сотников. Шибалов се наоѓа за 33м53с позади Сотников, додека на третата позиција во генерален пласман се наоѓа Чешкиот возач Мартин Мачик (IVECO), кој се наоѓа за 51м11с поназад.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *