Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Камионите најжестоки денес; Етапа 4 – резултати

Дакар 2021: Камионите најжестоки денес; Етапа 4 – резултати

Денешната четврта етапа од Вади Ад-Давашир до Ријад во должина од 337км донесе нови возбудувања, посебно кај камионите каде првите четири возачи завршија во 22 секунди.

Во класата камиони најбрз денес беше Дмитри Сотников (Kamaz) кој 337км брзински испит од Вади Ад-Давашир до Ријад го пројде за 2ч58м47с, додека неговиот тимски колега Андреј Каргинов задоцни за 10с на втората позиција, при што покажа дека влегува во ритам. Крајно возбудливо денес кај камионите беше тоа што првите четворица пристигнаа на целта во 22 секунди. Трет беше Алексеи Вишнеуски (Maz) +14с и чешкиот возач Мартин Мачик (Iveco) кој заостана за 22с. Во генерален пласман води Сотников со предност од 26м22с пред Мачик на втората и Шибалов на третата позиција за 26м57с позади Сотников.

Кај автомобилите Насер Ал-Атија дојде до победа на четвртата етапа, во која го победи неговиот ривал Стефан Петерхансел за 11 секунди, додека трет со заостанување од 1м:30с пристигна Хенк Латеган. Себастиен Леб заврши четврти со заостанување од 2м36с, додека Карлос Сајнц пристигна петти со заостанување од 2м56с. Стефан Петерхансел останува во водство во генерален пласман со предност од 4м58с пред Насер Ал-Атија, додека трет е Карлос Сајнц за 36м19с поназад. Четврти е Себастиен Леб кој заостанува зад Петерхансел за 48м14с.

Жоан Бареда Борт беше денешен победник во класата моторцикли. Тој победи на денешната четврта етапа со предност од 5м57с пред Рос Бренч, додека Даниел Сандерс пристигна трет со заостанување од 6м9с. Лучијано Бенавидес пристигна четврти, додека Хавиер Де Соултрат заврши петти. Во генерален пласман на чело се наоѓа Хавиер Де Соултрат со предност од само 15 секунди пред Жоан Бареда Борт, додека трети е Кевин Бенавидес со заостанување од 3м24с.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *