Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Кевин Бенавидес и Honda до прва Дакар титула

Дакар 2021: Кевин Бенавидес и Honda до прва Дакар титула

Возачот на Honda Кевин Бенавидес ја освои првата Дакар титула, предводејќи го јапонскиот производител во 1-2 победа со минатогодишниот победник Рики Брабек позади себе.

Надежите за победа на Бенавидес се зголемија откако предноста пред неговиот ривал од КТМ Сем Сандерленд се зголеми на 5м07с.

Стартувајќи ја последната етапа од третата стартна позиција, Бенавидес успеа да дојде до предност од 10 минути од Сандерленд во првите 99км, додека Британецот се мачеше да го отвори патот како прв возач.

Понатаму Бенвидес го победи неговиот тимски колега Рики Брабек на последната етапа за 2м17с, како и Сандерленд со предност од 13 минути, што беше доволно за негова прва титула, но воедно и втора за Honda.

32-годишниот Бенавидес стана прв Аргентинец кој победил во категоријата моторцикли на Дакар, или прв кој победил во класа на Дакар освен класата на четвороцикли каде победи нижеше неговиот сонародник Игнасио Касале.

Оваа 1-2 победа за Јапонскиот производител Honda се повтори за прв пат после 1987 година.

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *