Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: Прва титула за Сотников, 1-2-3 победа за Камаз

Дакар 2021: Прва титула за Сотников, 1-2-3 победа за Камаз

Уште една апсолутна доминација на Камаз на Дакар…

Возачот на Камаз, Русинот Дмитри Сотников дојде до секвупна победа и титула оваа година. За него ова е прва титула и победа на Дакар откако започна во 2014-тата година.

Со пет етапни победи оваа година Дмитри Сотников дојде до својата прва победа на Дакар откако најдобар пласман му беше втора позиција во 2017 и 2019 година.

Воедно Сотников го предводеше тимот на Камаз со 1-2-3 победа и апсолутна доминација на подиумот оваа година. Неговиот тимски колега Антон Шибалов заостана за 39м38с на втората позиција додека Ајрат Мардеев заврши на третата позиција за 1ч14м35с поназад од Сотников.

Четврти заврши Мачик пред Лопрес на петтата позиција, додека после нив следеа Вишнеуски, Каргинов, Ван Ден Бринк, Касале и Солтис кој ги комплетираше топ 10-те.

Каргинов беше најслабо пласираниот возач на Камаз кој минатата година ја освои титулата со дури 7 етапни победи. Каргинов оваа година започна со доста потешкотии, за на крајот да успее да заврши на седмата позиција со заостанување од 2ч49м01с позади Сотников.

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *