Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 издание на дакар Рели во Саудиска Арабија победувајќи ги за титулата Насер Ал-Атија и Карлос Саинц.

Петерхансел дојде во водство на втората од 12-те етапи и од тогаш до целта остана недостижен во генерален пласман, победувајќи со предност од 14м51с пред фабричката Toyota на Ал-Атија.

Возачот на X-raid Mini победи на само една етапа во целото рели, поточно деветтата етапа околу Неом. Како и да е, тој покажа неверојатен континуитет низ целото рели завршувајќи надвор од топ 3 само на една етапа, а во ниту еден момент не загуби повеќе од пет минути од своите конкуренти.

14-тата титула дојде после 30 години откако Петерхансел за прв пат победи на Дакар, заедно со Yamaha во класата моторцикли. За разлика од него, неговиот главен ривал Насер Ал-Атија победи на пет етапи плус прологот, а тоа воедно се највеќе победи од било кој возач на релито, но не успеваше да дојде до лидерската позиција поради загубените 12 минути во првиот брзински испит.

За Катарскиот возач ова е втор пораз од Мini, губејќи лани од Саинц со тоа што Катарецот ја изрази својата фрустрација против предноста на Британскиот производител изјавувајќи дека правилата се премногу на страната на баги возилата.

Честито Г-дин Дакар!

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *