Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / Дами и господа, ова е новото и најекстремно чедо на Bugatti, 1825КС Bugatti Bolide

Дами и господа, ова е новото и најекстремно чедо на Bugatti, 1825КС Bugatti Bolide

Bugatti Bolide е името на новиот член на престижното семејство на францускиот производител на суперавтомобили Bugatti, кој ако им веруваме на гласините, наскоро може да стане сопственост на Хрватот Мате Римац.

После Veyron и Chiron, Bugatti сакаше да види колку далеку може да ги помести границите на перформансите на автомобилите, а разликата меѓу Bolide и тие суперавтомобили на Bugatti е во тоа што Bolide е наменет исклучиво за тркачки патеки.

Bolide го има моќниот квад-турбо W16 мотор, но овој пат неговите перформанси се поместени уште подалеку. Самиот Bolide е дизајниран да биде радикално лесен, за што сведочи и неговата тежина од само 1.240 кг. Од Bugatti тврдат дека Bolide е „најекстремниот, бескомпромисен, најбрз и најлесен автомобил во светот“ .

Неговата максимална брзина, велат од Bugatti, изнесува доста над 500 км/ч. Тоа е значително повеќе од рекордот на нивниот Chiron Super Sport. Bolide има и 1.825 коњски сили.

Според досегашните симулации, Bolide може патеката во Нурбургринг да ја помине за 5 минути и 23,1 секунда, што е за 4 секунди побавно од рекордот кој го држи Porsche 919 EVO, но тоа е само симулација. Од друга страна, компјутерските симулации покажуваат дека Bolide може да ја помине патеката на Ле Ман за 3 минути и 7,1 секунди, што е 8 секунди побрзо од рекордот кој го држи Toyota TS050.

Во Bugatti размислуваат за сериско производство на овој автомобил и не треба ниту да се сомневаат дека ќе ги продадат автомобилите и пред да ги произведат затоа што за луѓето кои го купуваат само најдоброто, цената е само број.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *