Tuesday , July 17 2018
Home / Автомобилизам / WTCC: Даниел Наги е вториот возач на Zengo Motorsport

WTCC: Даниел Наги е вториот возач на Zengo Motorsport

Унгарскиот приватен WTCC тим Zengo Motorsport го најави и вториот возач кој ќе се натпреварува во Светскиот шампионат на туристички автомобили

Даниел Наги е вториот возач кој ќе настапува за Унгарскиот Zengo Motorsport во Светскиот шампионат на туристички автомобили, после денешното официјално продолжување на договорот. 18-годишниот Наги ќе биде тимски колега со Аурелиен Пани, синот на бившиот F1 возач Оливие Пани. Двајцата ќе бидат зад воланите на Honda Civic TC1 автомобили во приватниот Унгарски тим.

„Се наоѓам во многу емотивен момент бидејќи неодамна добив информација дека тимскиот менаџер на Zengo Motorsport ќе ми довери еден од автомобилите и за оваа година. Им се заблагодарувам на оние кои ми помогнаа до сега, а јас ќе дадам се од себе за да им вратам со освојување на што повеќе освоени поени во шампионатот.“ – изјави Наги.

Со Наги, Zengo Motorsport го заокружи својот број на возачи, но сеуште се очекува уште неколку возачи да го потврдат своето место за да очекуваме добри борби, бидејќи од друга страна гледано, овој шампионат условно кажано, виси на конец. Но да почекаме да видиме колкав ќе биде конечниот број на возачи…

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *