Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Две нови имиња како замена за Наџ и Борковиќ

Две нови имиња како замена за Наџ и Борковиќ

Унгарскиот возач Даниел Наџ и Српскиот Душан Борковиќ неславно ја завршија оваа сезона. Наџ најави напуштање на неговиот тим M1RA, додека Борковиќ беше исклучен од Европската TCR Серија поради недолично однесување.

Во Унгарскиот Hyundai тим замена до крајот на сезоната за Наџ ќе биде Золт Давид Сабо. Наџ возеше за М1RA од почетокот во 2018 година завршувајќи на петтата позиција во генерален пласман кај возачите, освојувајќи една победа, но исто така останувајќи во борба за титулата до претпоследната рунда.

Додека замената на Душан Борковиќ во Target Competition е Австрискиот возач Доминик Бауман. Бауман му се приклучи на тимот доста брзо, иако директорот на тимот Андреас Гумерер изјави дека не е лесно да се најде замена за Душан Борковиќ во толку мал период.

Бауман претходно имал направено неколку предсезонски тестови на кои се покажал доста брз уште во старт. По кратко време е одлучено дека тој би можел да биде замена за Српскиот возач.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *