Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Дебитантот Бојан Георгиевски во очи на Кичево 2, со импресии од Кичево 1

Дебитантот Бојан Георгиевски во очи на Кичево 2, со импресии од Кичево 1

Бојан Георгиевски е уште еден млад возач за кого деби настап беше првата кружна трка оваа година која се одржа во Кичево, пред две недели. Тој се квалификуваше на шестата позиција, а заврши на деветтата позиција, се соочи со „детски болести“, но сепак имаше пријатно и долгоочекувано искуство.
Поради запознавањето на јавноста со новите возачи, овој пат продолживме со Георгиевски, кој не ги скри своите импресии:

„Желбата за тркање ми потекнува уште од раното детество, со братучед ми Александар Георгиевски не пропуштавме трка во Скопје се додека не почна да вози и он па на секоја трка да идам со него како дел од тимот и да ги гледам трките од поинаков агол.

Одлуката да седнам во тркачки автомобил дојде пред една година кога сфатив дека спортот повторно застанува на здрави нозе. Веднаш набавив возило југо стандард и почнав да го спремам како што велиме ние од нула. Тоа на крај излезе како грешка по што го набавив возилото од Михајло Лазаревски и во текот на зимата го подготвивме по новата спецификација со огромна помош од Александар Георгиевски.

Тркачкиот викенд за мене не започна најдобро, возилото константно имаше проблеми со дотокот на гориво и на правците губеше сила, пробувавме да го решиме проблемот, но тој повторно се појавуваше. На квалификациите се пласирав на 6то место. Трката започна турбуленто, направив грешка по што Мартин Аврамовски успеа да ме престигне при што имавме ситен контакт со возилата, потоа следеше негова грешка по што успеав да ја повратам 6та та позиција и да направам голема разлика.

Кога помислив дека ке имам мирна трка до крајот на 5 круга пред крај повторно се јави проблемот со горивото и колата се угасна комплетно со што не успеав да ја завршам трката. Но и покрај тоа што не завршив насмевката од лицето неможев да ја тргнам уште долго после трката со што може да се каже дека сум презадоволен од моето деби, Огромна благодарност до сите што ми помогнаа ова да се оствари: Астра мс, Фас Вас, Пнеуматик, Лпр мак, Авто старт, Кс графика, Brzkrug.com“ – изјави Георгиевски.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *