Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / Дебитираше: Gordon Murray T.50s Niki Lauda; Зошто е неверојатен?

Дебитираше: Gordon Murray T.50s Niki Lauda; Зошто е неверојатен?

Gordon Murray T.50s Niki Lauda е хипер автомобил кој е наменет за тркачка патека, а одговорен за овој проект е човекот кој стои позади McLaren F1, додека името доаѓа од трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда.

Производителот на светло ќе изнесе само 25 примероци и ќе ги продава за 4.36 милиони долари, а прозиводството започнува во јануари 2023 година.

После неверојатната цена, одиме со неверојатните перформанси. Овој автомобил располага со 4.0 литарски V12 агрегат кој ги испорачува 701КС при лудачки 11.500 вртежи во минута, но Ram-Air системот монтиран на кровот гарантира 725КС при движење со голема брзина и вртежен момент од 485Њм.

Споредено со стандардниот T.50 кој има 654Кс и 467Њм, ова е вистинско освежување.

Силата ќе биде пренесена на тркалата преку 6-степен менувач со команди на воланот, додека два типа на менувач ќе бидат достапни. Едниот ќе има максимална брзина од 322км/ч, додека другиот ќе биде со пократки брзини за поспори патеки и максимална брзина од 274км/ч.

И за крај, овој монструм ќе тежи само 852 килограми…

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *