Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / Деби на малечкиот Стефановски на Ада Хуја!

Деби на малечкиот Стефановски на Ада Хуја!

Изминатиот викенд на патеката Ада Хуја се одржа последната трка од шампионатот на Србија во картинг

Во измешани временски услови младите картингаши се трудеа да дојдат до што побрзи кругови, каде секој милиметар е важен.

Овој викенд покрај Петар Богатиновски кој стана шампион, деби настап имаше малиот Стефан Стефановски, син на бившиот македонски автомобилист Дејан Стефановски. Одамна знаевме дека малиот Стефан ќе започне кариера во автоспортот, но само беше прашање на време.

После трката, поразговаравме со неговиот татко Дејан:

„Јас сум презадоволен ако ме прашувате мене, но исто така и Стефан. Не ми се верува дека успеа уште на своето деби да победи и тоа два пати. Беше доста жестоко со неговиот конкурент, се поминуваа како да возеле цел живот.

Лично јас сум многу инзенаден од однесувањето на Стефан во текот на целиот тркачки викенд. Иако стигнавме во петокот навечер и немавме можност за тренинг, успеавме да влеземе во чекор.

Другите возачи беа таму уште од средата и четвртокот, а нашиот викенд започна дури во саботата после техничкиот преглед. Бевме загрижени и возбудени гледајќи ги тие мали волци жедни за напад и победа, но… крајот и тоа како го краси делото. Стефан дојде до победа, исполнувајќи ги нашите срца.“ – изјави Дејан Стефановски.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *