Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Делев после втората победа во Twingo Cup-от: Победата е најслатка во сериозна конкуренција

Делев после втората победа во Twingo Cup-от: Победата е најслатка во сериозна конкуренција

Мартин Делев со втора победа во Twingo Cup Македонија

Возачот на Custom Car Racing Мартин Делев успеа да дојде до втора победа на патеката во Кичево, во рамките на Twingo Cup Македонија.

Во саботата Делев се квалификуваше на втората позиција со заостанување од 0.150 позади Томислав Трајковски. Делев и Трајковски исто така водеа жестока борба и на првата трка каде Делев ја однесе победата, додека овој пат, исто така во голема борба повторно дојде до победа во врнежливи временски услови. Исто така, тој дојде и до најбрз круг на трката, а воедно и најбрз круг досега извозен на патеката во Кичево (1:18.300) во ова натпреварување. Вака изгледаше трката од негова перспектива.

„И втората трка оваа година за мене помина одлично. Целиот викенд имав одлична брзина, премалите разлики со конкурените во времињата е нешто што во македонија не се случило со години. Седум натпреварувачи беа во 0.700 секунди, а јас ја имав втората позиција на стартот со задоцнување од 0.150 делови од секундата. Tрката беше многу потешка од првата.

Со Трајковски осум круга имавме голем број дуели, но на едниот дел од патеката беше многу бавен и таму секогаш доаѓаше до контакт помеѓу нас. Тој не го издржа притисокот и сам се изврте на патеката. Имав одлично темпо, избив на првата позиција и ја задржав до крај на трката со тоа што одлично возење последните кругови веднаш позади мене на браник покажаа Малинковски и Нацка.

Мислам дека публиката и овој пат уживаше во многуте дуели и со нетрпение чекам да дојде следната трка на Водно, па потоа и една од моите омилени патеки, Ушче во Белград. Голема благодарност до мојот тим, сите што ме бодрат и веруваат во мене во тркањето и до мојата фамилија што ми дава поддршка во сето ова. Нема да ве разочарам!“ – изјави Делев.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *