Thursday , October 18 2018
Home / Uncategorized / Димитриј Кимовски после Скопје 2017: Погрешниот избор на гуми ме натера да се откажам од трката

Димитриј Кимовски после Скопје 2017: Погрешниот избор на гуми ме натера да се откажам од трката

Димитриј Кимовски е дел од тројката македонски возачи кој и оваа година се натпреваруваше во Српскиот шампионат во најбројната класа Југо Спорт, попозната како „Хибрид“

Иако голема беше желбата за висок пласман на „Скопски круг“ Кимовски не успеа да заврши, а причината која ја наведе беше лошиот избор на гуми за неделната трка:

„Како што знаете автомобилот ми стои во Србија за полесен транспорт на трките од српскиот кружен шампионат, а специјално го донесов за да учествувам и да се собереме во што поголем број во Скопје. Возилото е подготвувано според српска хомологација и математички е послабо од македонските автомобили во истата класа.

На саботните тренинзи имав трето време со задоцнување од 4 десетинки. Иако автомобилот функционираше беспрекорно, за неделната трка монтирав други гуми и направив огромна грешка. Прв пат ги возев тие гуми, при што ми се направија огромни проблеми во првите кругови, поради кои удрив во заштитните гуми и го оштетив предниот трап. Бев приморан да го забавам темпото поради безбедносни причини, за да не дојде до несакано излетување од патеката. Планот за во иднина ми е ако имаме трки во Македонија, да го приспособам автомобилот за македонска хомологација и очекувам да биде доста конкурентен.

Се одеше супер. Гледајќи од аспект на организација и дисциплина на публика. Но во еден момент знаат да се случат непредвидливи работи. Организаторот на трката поради излетување на српскиот колега Урош Бркиќ беше удрен и повреден после што и двајцата беа хоспитализирани. Им посакувам што подобро и побрзо закрепнување и враќање на тркачките патеки, секој со својата функција.“ – изјави Кимовски за БрзКруг.

Check Also

WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

Предноста на Себастиен Ожие се стопи на 14.9 секунди после негова грешка, а тоа му …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *