Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Дишењето на Жил Паници во текот на неговото возење (Peugeot 306 Maxi) (ВИДЕО)

Дишењето на Жил Паници во текот на неговото возење (Peugeot 306 Maxi) (ВИДЕО)

Овој пат, Ве потсетуваме на Жил и Хрв Паници

Во следното видео ќе можете да погледнете, а на оние на кои им е познато, да се потсетите на начинот на дишење во текот на возењето на познатиот Француски рели возач Жил Паници во легендарниот автомобил Peugeot 306 Maxi.

Овој автомобил важеше за крал во „Kit car“ категоријата и располагаше со 280КС извадени од атмосферскиот 2.0 литарски агрегат. Воопшто не е смешен начинот на дишење на Паници, кога се зема во предвид сериозноста на овој тркачки автомобил и начинот на кој се вози.

Жил Паници беше активен од 1990 до 2006 година во Светскиот рели шампионат. Настапи на 71 рели натпревари, дојде седум пати до победа, 14 пати се качи на подиумот, победи на вкупно 91 брзински испити, а освои вкупно 134 поени.

Важи за експерт за асфалтна подлога, па затоа ја имаше таа улога и настапуваше за Францускиот фабрички тим само на асфалтни релија, а од 1999 до 2003 година ги освои сите асфалтни релија во Светскиот рели шампионат за Peugeot, вкупно седум.

Неговото прво рели беше 1990-тата во Монте Карло, додека првата победа ја освои во 2000-тата година на Корзика Рели. Последна освоена победа му е во 2003-тата година, додека последно рели во неговата кариера беше на Рели Каталуња во 2006-тата. Важи за една од легендите на WRC шампионатот.

Дами и Господа, Жил Паници и неговиот совозач и брат Хрв Паници и нивното перфектно возење:

Check Also

Заврши деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика, девојка запросена на церемонијалниот старт!

Како што веќе најавивме, едноставно не беше возможно да не присуствуваме на официјално, последниот моторспорт …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *