Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Добар пласман на Давидовски и PSS Racing Team

Добар пласман на Давидовски и PSS Racing Team

Во Франција денес се одржа првата официјална трка од серијата TCR Europe.

Во првата рунда на патеката Пол Рикар, нашиот претставник Виктор Давидовски успеа да ја заврши трката на 16-тото место.

„Со секое наредно возење добиваме сé повеќе знаење и искуство. Успеавме значајно да го подобриме пласманот од квалификациите. Тој напредок очекуваме да го повториме и утре на втората трка на Пол Рикар. Па којзнае, ако напредуваме со ова темпо, на повидок се и нашите први бодови!“ – сподели со нас оптимистичниот Давидовски.

И покрај проблематичниот старт во квалификациите, Виктор и неговиот PSS Racing Team не се обесхрабрија, работеаодлучно и сигурно и постигнаа добар напредок.

Сега нив им следува краток одмор и рекапитулација на настаните од бурниот викенд, а нам ни преостанува во недела да се вклучиме на каналите на Евроспорт во 15:50 и да ја бодриме Хондата со број 10 на втората официјална трка на француската писта.

PR: PSS Racing Team

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *