Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / ДРАГ ПРЕСМЕТКА: Новиот Ducati Panigale V4 против Audi R8 V10!

ДРАГ ПРЕСМЕТКА: Новиот Ducati Panigale V4 против Audi R8 V10!

Забрзувањето на две тркала најчесто оди многу полесно од она на четири, но дали ќе може овој Ducati Panigale V4 да се справи со Audi R8 V10?

Станува збор за две многу различни супер-спортски возила, еден од најбрзите улични мотоцикли против еден од најбрзите улични автомобили. Поради различноста на возилата, навистина е бесмислено да се споредуваат нивните технички спецификации. Но, сепак вреди да се споменат.

Од една страна го имаме новиот Ducati Panigale V4 со мотор од 1,103 кубни центиметри и  211 коњски сили при 13,000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 124Њм при 10,000 вртежи во минута. Од друга страна го имаме ова Audi R8 опремено со V10 агрегат кој што може да испумпа 532 коњски сили и вртежен момент од 540Њм. Тоа е доволно за спринт од 0 до 100км/ч за само 3.5 секунди, но дали е доволно за да се справи со овој противник?

Па, ајде да го погледнеме видеото и слободно кажете ни во коментарите на Facebook дали овој исход на трката беше очекуван од ваша страна?

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *