Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / ДРАГ ТРКА: Дали е Mercedes AMG A45 достоен противник на Audi RS3? (ВИДЕО)

ДРАГ ТРКА: Дали е Mercedes AMG A45 достоен противник на Audi RS3? (ВИДЕО)

Во следново видео ќе видите драг-битка помеѓу два германски спортисти од ниската средна класа.

Станува збор за два од најдобрите компактни автомобили кои што може да се најдат на пазарот, Mercedes-AMG A45 и Audi RS3 во седан изведба. Оваа компарација е направена на патеката Рок Рејсвеј во Јужна Африка, на стартно-целната рамнина со должина од околу 300 метри. Но овие 300 метри беа доволни за да се види кој ќе го каже последниот збор.

Mercedes AMG A45 има малку помала моќност од неговиот противник, продвижуван е од 2.0-литарски турбо мотор кој што може да испорача 376КС и 475Њм вртежен момент. За спринт од 0 до 100км/ч му се потребни само 4.2 секунди, и максимална брзина од 250км/ч.

Audi RS3 има 2.5-литарски, 5-цилиндричен турбо агрегат со моќност од 394КС и 480Њм вртежен момент. Може да стигне од 0 до 100км/ч за 4.1 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250км/ч.

Па да видиме дали е Mercedes AMG A45 достоен противник на Audi RS3:

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *