Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / Дури 110 пријави за Гран При Цазин 2017 овој викенд!

Дури 110 пријави за Гран При Цазин 2017 овој викенд!

Овој викенд 5 и 6 август ќе се одржи една од најспектакуларните ридски трки на балканов, легендарното Гран При Цазин 2017!

Во организација на Авто-мото картинг клубот АМК Екстра Спорт со помош на покровителот Општина Цазин, овој викенд по 18 пат ќе биде одржана оваа легендарна ридска трка на патеката Крајишка Змија. По тој повод веќе се пополнети 110 пријави што ниту врелите временски услови не ги спречија возачите да бидат дел од овој спектакл.

Од година во година квалитетот на организацијата на ова натпреварување расте и е ставен на највисоко ниво секоја година бидејќи на овој датум воедно се слави и денот на Општина Цазин (6 август). На сите натпреварувачи, гости, претставници на медиуми и гледачи им е загарантирано дека можат да очекуваат добра организација и максимален професионализам со срдечно „добредојдовте“ од мештаните.

Една од главните цели на трката е да придонесе во развојот на автоспортот во БиХ, а условите за тоа на Крајишка Змија се апсолутно идеални. Патеката е долга 4100 метри и е доста позната на возачите од регионот. Како што рековме погоре, пријавени се 110 возачи во различни класи, а се бодува за ЦЕЗ, Хрватски и БиХ шампионат.

Очекувајте резултати во текот на овој викенд!

Листата на пријави можете да ја погледнете ОВДЕ

Резултати во живо можете да следите на ОВОЈ ЛИНК

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *