Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Душан Борковиќ се враќа во ТЦР натпреварувањата

Душан Борковиќ се враќа во ТЦР натпреварувањата

Душан Борковиќ се враќа во ТЦР натпреварувањата оваа сезона после постигнатиот договор со тимот M1RA со кого ќе земе учество во ТЦР Источна Европа

Борковиќ го напушти ТЦР Европа натпреварувањето откако му беше забрането да се натпреварува од промотерот на серијата поради инцидентот во падокот на патеката Ред Бул Ринг.

Тој ќе се врати на тркачките патеки оваа година во Источно Европската ТЦР серија која треба да започне на патеката Гробник во Ријека подоцна овој месец, заедно со истиот тим со кој дојде до титула во Европскиот туринг куп во 2015-тата.

Србинот ќе се најде позади волан на Hyundai i30 N TCR, сличен на оној од 2018 и 2019 со кој се натпреваруваше во ТЦР Европа.

Одлуката на тимот M1RA за влез во ТЦР Источна Европа изгледа како вистински избор откако тие одлучија дека да се биде дел од ТЦР Европа оваа сезона е неповолно, поради Светската пандемија од КОВИД-19.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *