Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / Европската NASCAR серија доаѓа на автомотодромот Гробник во Хрватска!

Европската NASCAR серија доаѓа на автомотодромот Гробник во Хрватска!

Хрватска продолжува да изненадува со прекрасни вести од моторспортот

После неполн месец од моментот кога Хрватска доби потврда за домаќин на Светскиот рели шампионат WRC, како и проширување на Хрватскиот шампионат на кружни патеки на Словакиаринг и Хунгароринг, од Хрватскиот авто и картинг сојуз пристигнува уште една прекрасна вест.

Хрватска и автомотодромот Гробник ќе бидат на 14 и 15 ноември ќе бидат домаќини на едно од најпрестижните автомобилските натпреварувања во европа, NASCAR GP.

Причината поради која оваа серија доаѓа на Гробник е поради епидемиолошката ситуација и рестриктивните мерки кои ги донесе Чешка каде што требаше да се одржи третата трка од NWES првенството кое требаше да се одржи на истиот датум на патеката Мост во Чешка.

Трката ќе се пренесува во живо на друштвените мрежи на EuroNASCAR, на Motorsport.tv, како и на Хрватската Kreator TV.

На Гробник ќе пристигне и Ф1 звездата Жак Вилнев кој освои титула со Williams Renault во 1997.

Секоја чест ХАКС, така се работи.

Погледнете како изгледаше NASCAR акцијата на Золдер, каде се одржа четвртата рунда од овој шампионат.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *