Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Ексклузивно: Себастиен Леб се враќа во WRC!

Ексклузивно: Себастиен Леб се враќа во WRC!

После сите шампионати и предизвици кои ги имаше 9-кратниот WRC шампион Себастиен Леб во изминативе 5 години пауза во WRC, тој се враќа позади воланот на Citroen C3 WRC!

Понесен од Дакар релито, но и од Светскиот Реликрос Шампионат Себастиен Леб се враќа позади воланот на Citroen C3 WRC, а во следните недели тој ќе тестира на приватен асфалтен тест. Целта е да се запознае со новите спецификации на WRC автомобилите кои се побрзи и помоќни од тоа што тој возеше претходно. Ова исто така е шанса за Citroen Racing да дојде до многу важни информации за автомобилот токму од големиот шампион.

Кружни трки, Крос-кантри, реликрос и ридски трки, Себастиен Леб ги тренира сите овие категории со автомобили од ПСА Групата. Во 2013 тој го уништи стариот рекорд на легендарната ридска патека Пајкс Пик во САД со специјално подготвено Peugeot 208 T16 Pikes Peak. Понатаму сеуште под Peugeot Sport банер тој нападна на кроскантри како и во Светскиот Реликрос Шампионат во кој е моментално на 4-тата позиција во генерален пласман и му помогна на тимот да дојде до 2-та позиција во генерален пласман. Во 2018 Дакар ќе му остане како приоритет, со Даниел Елена како совозач со кого остварија многу рекорди и освоија 9 титули во Светскиот рели шампионат.

Неговите авантури не се само во официјални програми, туку и на други фронтови како националнни рели шампионати со неговото 306 Maxi или 208 T16, кои се дел од неговиот тим Sébastien Loeb Racing:

„Со креирањето на PSA Motorsport, сега можеме да формираме голем тим. Во исто време поради натпреварувањето во крос-кантри и Рели-крос со Peugeot, можам да го пренесам знаењето во Citroen со тестирање на С3. Со нетрпение чекам да се вратам во Светскиот шампионат и да видам до каде е отидена технологијата во таа дисциплина. Сеуште имам страст за рели. Од сите дисциплини во кои сум учествувал откако се откажав од WRC пред 5 години, сензацијата на релито ја сакам највеќе.“ – изјави Себастиен Леб.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *