Saturday , October 31 2020
Home / Balkan Automoto / Екстремно возбудлив тркачки викенд во Котор! Конечни резултати

Екстремно возбудлив тркачки викенд во Котор! Конечни резултати

БрзКруг директно од легендарната ридска трка Котор-Тројица во Црна Гора

После две години наше отсуство од ридската трка Котор-Тројица поради поклопување со Европските кружни трки каде што присуствувме, изминатиот викенд ги откажавме сите планови и се упативме кон прекрасниот Котор во Црна Гора, каде се одржа легендарната ридска трка, овој пат посветена на организаторот Трипо Букилица кој на почетокот од оваа година почина после кратко боледување.

За жал веднаш се виде неговото отсуство во организацијиата на трката, но близок до организаторите воедно и високо почитуван возач во тркачките кругови – Немања Кашчелан ни изјави дека сме тотално во право со тоа што сме го приметиле бидејќи буквално сите од организацијата се потресени од неговата смрт, а ќе дадат се од себе за следната година и секоја наредна, оваа трка да биде организаторски на највисоко ниво.

Не дека имаше огромни пропусти. Бевме сведоци на доста незгоди кои одговорните лица за доста брзо време ги расчистуваа. Публиката сериозна и послушна како и секогаш, а возачите и автомобилите спектакуларни исто така како и секогаш. Кој присуствувал знае, кој не, мора еднаш да се упати кон Котор, после што верувајте ќе влезе во вашата редовна агенда на тркачки викенди.

На оваа трка секогаш биле присутни голем број на автомобили. Оваа година имаше нешто помалку, околу 80 за разлика од претходни години кога сме биле сведоци на бројка од 120. Но сепак подобро квалитет од квантитет. Се сложувате? Но да напоменеме, ова година беше повеќе од квалитет.

Можевме да видиме опасна борба во класата до 2000 кубни сантиметри Група Н, во која беше подобрен и рекордот на патеката од домашниот возач Василије Јакшиќ позади волан на Honda Civic Type-R, додека минатиот рекорд го држеше хрватскиот супер брз возач Саша Радола во ист автомобил.

Формули, прототипови и останати туринг возила меѓу кои и спектакуларниот SEAT Leon TCR на Дејан Булатовиќ земаа учество на трката. Дел од овој вистински спектакл беше и македонскиот возач Слободан Трајковски во специјално подготвен автомобил Yugo 1300 Gr. A, кој буквално ја фасцинираше публиката.

Бидејќи сеуште сме под импресии, можеме да зборуваме и пишуваме цел ден, но да се задржиме на професионалноста.

Како и на тренизите во саботата, најбрз со вкупен пласман беше Унгарскиот возач Ласло Шаш во Formula Rynard Zytec F3000 со вкупно време од 4:21.188, додека позади него на втората позиција во генерален пласман заврши Домагој Перековиќ во ѓаволски Mitsubishi Lancer EVO 9 E1 со преку 600КС со време од 4:36.794, додека трет најбрз беше Дамир Накиќ позади прототип Radical SR3 RS со време од 4:37.410.

После нив на четвртата позиција следеше Алдин Чоровиќ, пред Лука Шпадијер, Грзегорз Дуда, Томислав Мухвиќ, Дејан Булатовиќ, Бојан Јураниќ и Денис Нишевиќ, кој ги заокружи најбрзите десет возачи.

Тука се одјавуваме и… до следен Котор! Следна станица, кружна трка Мишелук – Нови Сад, овој викенд!

Подолу погледнете ја целосната листа на возачите, нивните автомобили и поставени вкупни времиња од двете возења.


Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *