Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Електричниот тркач Cupra e-Racer EV ги објави вртоглавите перформанси! (Фото Галерија)

Електричниот тркач Cupra e-Racer EV ги објави вртоглавите перформанси! (Фото Галерија)

Хавиер Сера – технички директор на проектот: Можеби звучи како комарец, но забрзува од 0 до 100км/ч за 3.2 секунди, до максимална брзина од 270км/ч

Иако е засега е само изложбен автомобил, Cupra e-Racer EV не само што изгледа добро, туку и располага со вртоглави перформанси. Неговите четири електрични мотори кои генерираат 402 коњски сили и најголема моќ од 670КС, му овозможуваат да забрза од стоечка позиција до 100км/ч за само 3.2 секунди и да постигне максимална брзина од 270км/ч.

За споредба, Cupra e-Racer EV е исто брз како Lamborghini Huracan LP610-4, но италијанскиот автомобил има максимална брзина од 325км/ч. Силата доаѓа од четирите батерии кои заедно имаат 6.077 ќелии, а замислете „врти“ 12.000 вртежи во минута, во споредба со 6.500 на бензинскиот агрегат, сите во една брзина.

„Автомобилот располага со многу сила. Да, звучи како комарец, но има екстремно добри перформанси. Главната цел ни е да ја подобриме аеродинамиката, со тоа што ќе се зголемат возните способности на автомобилот.“ – изјави Хавиер Сера, техничкиот директор на проектот.

Во внатрешноста автомобилот располага со ролбар, голем број на карбонски делови, специјален волан и три одделни дисплеи.

„Шасијата е од SEAT Leon, а не шасијата на Leon CUPRA TCR како што претходно се веруваше, а подобрени се и безбедносните додатоци, за автомобилот да биде прилагоден за натпреварување.“ – стоеше во изјавата на производителот.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *