Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / ЕПСКА БИТКА СО 5000 КС: Nissan GTR со 2500 КС против Lamborghini Huracan со 2500 КС!

ЕПСКА БИТКА СО 5000 КС: Nissan GTR со 2500 КС против Lamborghini Huracan со 2500 КС!

Во следново видео ќе видите драг трка во која што вкупно се инвилвирани 5000 коњски сили.

Станува збор за трка помеѓу Nissan GTR и Lamborghini Huracan на Тексас Инвитејшнл, еден од поголемите драг-стрип евенти во Соединетите Држави.

Овој настан се одржува во последните седум години и како што можете да видите во најавата на видеото, станува се полуд и полуд. Со автомобили кои што имаат повеќе од 2500 коњски сили може да се очекува постигнување на многу големи брзини и соборување на рекорди.

Од едната страна го имаме Тони Пејло и неговиот T1 Race Development Nissan GTR со моќност која што ја надминува границата од 2500 коњски сили, а од другата страна Рос Фаулер и неговиот “X Package” Lamborghini Huracan кој исто така има повеќе од 2500 коњски сили и е развиен од страна на Underground Racing.

И двата автомобили се способни да развијат брзина поголема од 350 километри на час, па да видиме кој ќе биде победникот во оваа трка:

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *