Sunday , January 21 2018
Home / Balkan Automoto / Жан Тод официјално честиташе за стартот на јубилејното 50-то Србија Рели; БрзКруг како официјален медиум

Жан Тод официјално честиташе за стартот на јубилејното 50-то Србија Рели; БрзКруг како официјален медиум

После одржаниот церемонијален старт на Плоштадот на Партизаните започна легендарното Србија Рели

Оваа година Србија Рели слави јубилеј – 50 годишнина, а по тој повод беше најавен вистински спектакл на кој ќе настапат 33 посади (Стартна Листа 50-то Србија Рели), додека претседателот на ФИА, Жан Тод се обрати преку видео порака која гледачите ја проследија на огромен екран на центарот во Ужице.  По тој повод нашиот тим одлучи да присуствува во Ужице и да го проследи овој несекојдневен настан. Очекувајте фотографии и информации на нашиот портал а подолу погледнете го распоредот по кој ќе се одржи релито овој викенд во околината на Ужице:

1. Локва – Тврдиќи – Луново Село 23.09.2017 од 7:30 часот и тоа од раскрсницата на Локва за Луново Село и Тврдиќе, преку раскрсницата за Луново Село и Пожега, потоа од Луново Село покрај бензинската пумпа, па се до раскрсницата со државниот пат II A 174 што претставува локација за брзинските испити 2 и 3.

2. Депонија – Пора преку Дубоко 23.09.2017 од 8:00 до 15:13 часот и 24.09.2017 од 7:40 до 15:130 часот, поточно од вртењето за депонијата Дубоко преку раскрсницата за Дубоко, преку Дубоко, па се до Пора, што претставува локација за брзинските испити 4,5,8,10

3. Врела – Никојевиќи, поточно на 150 метри после „Бачетине Кафане“ преку вртењето за Љубање до „Калдрма“, потоа лево спрема Скржути преку Скржути низ Равни, преку раскрсницата за Равањско Поле, по патот накај Сирогојно до раскрсницата за село Утробе, низ Утробе до Никојевиќи и по патот за Бела Земља до вртењето за Ѓоковиќи и тоа на 23.09.2017 од 12:00 до 19:54 часот и 24.09.2017 од 8:20 до 16:03 часот, што претставува локација за брзиснките испити 6,7,10 и 11.

Фото: Passion Pixels

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *