Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Заврши деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика, девојка запросена на церемонијалниот старт!

Заврши деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика, девојка запросена на церемонијалниот старт!

Како што веќе најавивме, едноставно не беше возможно да не присуствуваме на официјално, последниот моторспорт настан за оваа година на Балканот, легендарното Рели Шоу Санта Доменика…

Искуства, импресии, квалитетно поминато време, се само мало објаснување за тоа како поминавме на Рели Шоу Санта Доменика во Света Недеља близу Загреб оваа година. Пред околу 10.000 гледачи Симон Вагнер и Гералд Винтер во Skoda Fabia R5 ги покажаа своите можности качувајќи се на највисокото место на подиумот, што и не беше баш лесна задача.

Нивното спектакуларно возење на влажниот макадам помеѓу 107-те пријавени возачи беше вистински празник за очи, а фактот дека за прв пат се овде, уште повеќе покажува колку добра е оваа двојка позади воланот на нивниот автомобил. Релито официјално започна со шејкдаунот во саботата после кој возачите мудро ги одбраа своите стартни позиции на самиот церемонијален старт.

На церемонијалниот старт на плоштадот на Анте Старчевиќ беа присутни илјадници гледачи, а еден натпреварувач и понуди брак на својата девојка пред големата публика, што беше баш посебно запросување. Им посакуваме многу среќа во заедничкиот живот и уште многу учества на ова рели.

Оваа година се појавија вкупно 23 совозачи-девојки и две девојки возачи кои беа наградувани во посебна категорија – CO-DRIVER LADIES TROPHY. Само од Унгарија пристигнаа 37 посади, но на листата им се придружија екипи и од Шведска, Германија, Австрија, Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Чешка, Велика Британија и Велс, додека медиумски представници пристигнаа дури од осум земји помеѓу кои и екипата на БрзКруг од Македонија.

Целосните резултати можете да ги погледнете на следниот линк:

http://rallysantadomenica.com/results/2018/ss_leg1.htm

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *