Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / Започна ДТМ сезоната, Ауди со апсолутна доминација на Спа-Франкоршамп

Започна ДТМ сезоната, Ауди со апсолутна доминација на Спа-Франкоршамп

Месец август ќе остане во паметење како месец во кој започнаа голем број на автомобилски шампионати во целиот свет, после олабавувањето на мерките кои беа воведени поради пандемијата на корона вирусот…

Исто така, овој викенд на патеката Спа-Франкоршамп започна ДТМ шампионатот, кој оваа година не изгледа баш најдобро. Може да се забележи недостатокот на Мерцедес на патеката, додека исто така овој викенд можеше да се забележи и апсолутната доминација на Ауди на патеката, при што од БМВ останаа збунети…

Во првата трка победата ја однесе Нико Милер, кој предводеше 1-2-3-4-5 за Ауди. На втората позиција заврши Џејми Грин, додека последното место на подиумот го пополни Французинот Луик Дувал, додека после него следеа Мајк Рокенфелер и Рене Раст.

Во втората трка исто така можевме да видиме потполна доминација на Ауди со 1-2-3-4-5 победа, но овој пат Рене Раст излезе како победник пред Нико Милер кој заостана за само 0.483 секунди. После него на третата позиција заврши Робин Фрајнс пред Џејми Грин и Мајк Рокенфелер.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *