Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Игор Спиров со одлична четврта позиција на втората трка во Серес!

Игор Спиров со одлична четврта позиција на втората трка во Серес!

Стартувајќи од 12-та позиција, Македонскиот мотоциклист Игор Спиров во неверојатно возбудлива трка дојде до третата позиција пред целта, но во фотофиниш не успеа да ја задржи…  

Во конкуренција од 23 натпреварувачи во класата F1000 кои на вчерашната трка имаа доста проблеми со влажноста на патеката, денес имаа сува трка на која Димитриос Вамвас дојде до победа, пред Христиан Христов и Аксел Исмаил кои го пополнија подиумот.

Спиров заврши на четвртата позиција пред Петар Бакалов на петтата и Харун Акгун на шестата, додека топ 10-те ги комплетираа Никола Лукиќ, Фуркан Тахсин Идгу, Александрос Аргиропулос и Валентин Георгиев.

Нашата вчерашна прогноза дека Спиров и покрај 12-тата стартна позиција ќе го нападне подиумот излезе точна бидејќи Спиров буквално во фотофиниш заврши на четвртата позиција водејќи борба со Аксел Исмаил за третата позиција, која Спиров ја превзема при самиот крај, но во целта влезе како четврти со заостанување од 0.130 секунди позади Исмаил.

„Тоа беше една прекрасна, но и многу тешка трка. Стартував 12-ти, и дадов се од себе, дури и повеќе. Се борев за третата позиција, ја добив, но ја загубив во фотофиниш! Тежок и многу измешан викенд поминавме. Можеше многу повеќе да се направи, но дождот во саботата ни ги расипа плановите и за денес. Како и да е, продолжуваме понатаму, со бистра глава.“ – изјави Спиров.

Синиша Кочоски кој исто така се натпреваруваше во оваа класа и вчера заврши на осмата позиција, денешната трка не успеа да ја заврши извозуваќи седум кругови од планираните 12.

Фото: motori.com.mk

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *