Wednesday , June 3 2020
Home / Latest Articles / Игор Стефановски настапува во TCR Италија

Игор Стефановски настапува во TCR Италија

Стефановски во последен момент прекрши

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски во последен момент дојде до одлука овој викенд да настапи на втората рунда од Италијанскиот TCR шампионат, на патеката Мизано. Неговиот план не е познат во детали, но се очекува да настапи на неколку рунди од TCR Италија, а можеби и една рунда од Европската TCR Серија.

На неговиот прв настап во Италијанскиот TCR шампионат Стефановски настапи минатата година на патеката Монца, изненадувајќи ја конкуренцијата со доминација на слободните тренинзи и освојување на пол позицијата, додека на првата и втората трка заврши на седмата и десеттата позиција, поради казна за предизвикување на инцидент.

Во петок ќе се одржат два слободни тренинзи со почеток од 09:00 и 13:30, во сабота квалификациите се од 09:35, додека првата трка ќе стартува од 15:50 часот. Втората трка е на програмата од 10:50 часот во недела. Стефановски ќе настапи со автомобил Cupra.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *