Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Додадена уште една легендарна патека во календарот на Европската TCR Серија

Додадена уште една легендарна патека во календарот на Европската TCR Серија

Откако помисливме дека прелиминарниот календар во секој момент ќе биде официјализиран, се случија промени кои резултираа со додавање на нова патека во календарот на Европската TCR Серија

Втората рунда од прелиминарниот календар беше во план да се одржи во Холандија на Зандворт или Асен како минатата година, но и двете опции беа откажани. Како замена за втора рунда во календарот е нагласена легендарната патека Хокенхајм.

Ова јасно покажува дека оваа серија е доста актуелна и популарна во Германија, па затоа оваа година во календарот на натпреварите имаме две трки во Германија-Хокенхајм и Ошерслебен.

Европската TCR Серија на Хокенхајм ќе се одржи заедно со GT Open Series исто како и на Спа Франкоршамп, Барселона и Монца.

Моментално, календарот изгледа вака:

27/28 Април – Хунгароринг
25/26 МАј – Хокенхајм
8/9 Јуни – Спа-Франкоршамп
13/14 Јули – Ред Бул Ринг
3/4 Август – Ошерслебен
21/22 Септември – Барселона
12/13 Октомври – Монца

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *