Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Источноевропскиот TCR Трофеј доби форма

Источноевропскиот TCR Трофеј доби форма

После сите шпекулации околу Источно-Европскиот TCR Трофеј, конечно излегоа официјални информации

Овој таканаречен Трофеј ги вклучува земјите од Централно-Европската Зона, додека патеките каде ќе се одржува се повеќе од атрактивни.

Според она што е познато засега, ќе се возат шест тркачки викенди, во пет земји, од кои три тркачки виекнди ќе се возат заедно со TCR Европа, додека останатите три со FIA CEZ шампионатот.

Ќе се користи истиот технички правилник со оној во Европската TCR Серија. Два слободни тренинзи, квалификации и две трки, а исто така ќе се вози на гуми од Јапонскиот производител Yokohama.

Регистрацијата ќе чини 990 евра, стартнината за цела сезона ќе изнесува 12.000 евра, стартнина за еден тркачки викенд ќе чини 3.500 евра, додека бодување во годишниот поредок ќе добијат само регистрираните возачи.

Привремениот календар за 2019 година изгледа вака: 27-28 Април – Хунгароринг (заедно со TCR Европа), 18-19 Maj – Ред Бул Ринг (заедно со FIA CEZ), 13-14 Јули – Ред Бул Ринг (заедно со TCR Европа), 24-25 Август Словакиа Ринг (заедно со FIA CEZ), 7-8 Септември – Брно (заедно со FIA CEZ) и 12-13 Октомври (заедно со TCR Европа).

После завршувањето на сезоната ќе се очекуваат пет титули и тоа: TCR Источно-Европски Трофеј во генерален пласман, трофеј за најдобар возач помеѓу оние со DSG менувач, трофеј за јуниори до 21 година, трофеј за најдобар тим и трофеј за дами.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *