Tuesday , June 2 2020
Home / Latest Articles / Календарот на ТЦР Европа продолжува да се менува

Календарот на ТЦР Европа продолжува да се менува

Организаторите на Европската ТЦР серија објавија дека работат на понатамошни измени на календарот за оваа сезона во текот на моменталната пандемија…

На почетокот од овој месец беше објавен календар во кој беше најавено дека Европската ТЦР серија ќе започне на Германската патека Ошерслебен во јуни, но зголемувањето на забраната за движење во поголеми групи во Германија значи дека овој план нема да успее, а исто така организаторите не можат да посочат нов датум.

Третата закажана рунда на Спа-Франкоршамп исто така ќе биде откажана поради забраната за движење во поголеми групи во Белгија, која ќе трае до крајот на август, што значи дека во Белгија ќе може да се таргетира организација на трка на крајот од aвгуст или во текот на септември.

Првично претставените датуми на рундите на Золдер, Монца и Барселона засега ќе бидат задржани, додека Пол Рикар, Спа и ноавата патека Јарама дополнително ќе бидат потврдени за да го заокружат календарот од шест рунди.

Изменетиот календар би изгледал вака:

11-13 Септември – Золдер
25-27 Септември Монца
9-11 Октомври – Барселона

Рунди за кои се чека потврда

Пол Рикар (или друга)
Спа-Франкоршамп
Јарама

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *