Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / Кејси Стонер за Роси: Колку повеќе остане во МотоГП, толку полесен плен ќе биде

Кејси Стонер за Роси: Колку повеќе остане во МотоГП, толку полесен плен ќе биде

Кејси Стонер, двократниот МотоГП шампион мисли дека е многу разочарувачки што Валентино Роси ќе заврши во сателитски тим во 2021 година, а исто така чувствува дека ќе стане полесен плен колку повеќе продолжува во премиерната класа.

Роси го загуби местото во фабричкиот тим на Yamaha од Фабио Куартараро, а подготвен е да го замени токму него во сателитскиот тим Petronas SRT со целосна фабричка поддршка од Yamaha.

И покрај тоа што Роси планираше да ги процени неговите перформанси после шест до седум трки во 2020 година пред сезоната да биде одложена поради корона вирусот, Италијанецот е подготвен да го потпише тој договор.

Разговарајќи со FOX Asia, Стонер изјави дека не му се допаѓа што мотоциклист од калибарот на Роси треба да настапува за сателитски тим, но сепак верува дека може да победува трки.

„Верувам дека ако го напуштеше овој спорт порано, ќе оставеше наследство, кое сепак ќе го остави кога и да ја напушти премиерната класа, но сепак ова не е начин на кој треба да гледаме ваков калибар на мотоциклист.

Но сега се покажува колку може да биде победен. Разочарувачки е да гледате некого, за кого секој би платил огромно богатство за да го донесе во својот тим, да биде деградиран во сателитски тим.

Мислам дека Валентино сеуште има потенцијал за остварување на квалитетни резултати, но и да дојде до некоја победа во иднина. Без сомнение. Не можете тоа да го изгубите. Но жално е да го гледате да не освојува подиуми како што некогаш освојуваше.“ – изјави Стонер.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *