Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / Кимовски: После загревањето во Кичево, следи жестокиот Мишелук

Кимовски: После загревањето во Кичево, следи жестокиот Мишелук

Кимовски после Кичево се враќа со многу импресии, но не од трката, туку од потенцијалот на автомобилот Honda Civic Type-R кој го набави минатата година.

Тој имаше најбрзо време во саботата на тренинзите, после што дојде до лесна победа во неделата. Исто така имаше најбрз круг на викендот во Кичево после што беше презадоволен од поставените времиња. Како што изјави, оваа трка во Кичево му дојде како тренинг, пред првата трка од отворениот шампионат на Србија во автомобилизам на кружни патеки каде ќе настапи следниот викенд:

„Видендов помина одлично, возилото го подготвивме како што планиравме. Се функционира како што треба, од мотор преку амортизација, до сопирачки. Оваа трка немав конкуренција. Минатата година имаше 14 пријавени возачи во оваа класа, а сега бевме само двајца. Цела зима беше пред нас не знам зошто колегите не се подготвија. Возев со резерва, немаше потреба да ризикувам или да форсирам за да го оштетам возилото.

На два круга до крајот ми се скина предна лева гума, од старост, бидејќи возев со стари гуми. Некои спонзори што ветија минатата година, не стоеја на зборот, при што ми ги пореметија плановите. Следната недела ќе возам во Нови Сад, на првата трка од отворениот шампионат на Република Србија на патеката Мишелук. Останува уште да го провериме возилото дали случајно е оштетено од возењето со скината гума, иако не верувам. Огромен поздрав до оние кои ми помогнаа, другарите и фамилијата, најголемата поддршка, која воедно е најважна.“ – изјави Кимовски.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *